УТРО.мк

Руски ренинг кампови во Србија и БиХ: Паравоени формации обучувани за немири во Молдавија

Руски ренинг кампови во Србија и БиХ: Паравоени формации обучувани за немири во Молдавија
Vero

Властите во Србија и Босна и Херцеговина се соочуваат со истраги за наводни руски паравоени тренинг кампови, кои според обвинувањата, имале за цел создавање немири во Молдавија. Истрагата во Србија се врши околу камп откриен во септември 2025 година во угостителскиот комплекс „Сунчана Река“ покрај Дрина. Двајца осомничени веќе беа ослободени од притвор, но случајот останува отворен.

Во меѓувреме, Босна и Херцеговина отвори сопствена истрага за обуки што се одржале во 2024 година. Молдавските власти, пак, веќе осудија три лица за организирање на овие обуки во Србија и БиХ.

Тврдењата од Молдавија се повторуваат на два наврати: првиот пат во 2024 година, пред претседателските избори и референдумот за приклучување кон ЕУ, кога беа споменати обуки поврзани со руските платенички групи „Ферма“ и „Вагнер“. Вториот пат, во септември 2025 година, непосредно пред парламентарните избори во Молдавија, властите изјавија дека осомничените биле обучувани во Србија како дел од наводна руска координација.

По објавата на овие информации, српските власти уапсија двајца свои граѓани. Иако официјално Русија не беше спомената во првите соопштенија на полицијата и обвинителството, српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека во кампот биле присутни тројца руски државјани. Местаните изјавија дека посетителите на кампот најчесто зборувале руски и дека ги сметале за спортисти.

Москва ги негираше обвинувањата за мешање во изборните процеси, додека Молдавија продолжува да ја обвинува Русија за организирање хибридни операции на Западен Балкан.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран