УТРО.мк

„Роаминг како дома“: Западен Балкан наскоро без дополнителни трошоци за мобилни услуги во ЕУ

„Роаминг како дома“: Западен Балкан наскоро без дополнителни трошоци за мобилни услуги во ЕУ
Vero

Европската Унија е на чекор до проширување на програмата „Роаминг како дома“ и кон Западен Балкан, откако Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување. На дневниот ред е предлогот на Европската комисија за укинување на дополнителните трошоци за користење мобилни услуги во овие земји.

Предлогот предвидува постепено приближување кон европскиот модел „Роаминг како дома“, што значи дека граѓаните од регионот би можеле да телефонираат, испраќаат пораки и користат интернет низ ЕУ без дополнителни давачки – исто како во својата матична земја. Истовремено, истите услови би важеле и за европските граѓани при престој во Западен Балкан.

Сепак, процесот нема да биде автоматски. Наместо тоа, Унијата ќе склучува поединечни договори со секоја земја од регионот, при што од нив ќе се бара целосно усогласување со европските правила за роаминг. Ова подразбира не само ценовна рамноправност, туку и гаранции за квалитет – корисниците да добиваат иста брзина и стабилност на мрежата како дома, како и непречен и бесплатен пристап до службите за итни случаи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран