УТРО.мк

Откриени 16.000 непријавени лекови во туристички автобус, осомничени две лица

Откриени 16.000 непријавени лекови во туристички автобус, осомничени две лица
Vero
Извор: Царинска Управа
Извор: Царинска Управа

Царинските службеници на мобилен тим заедно со тим од службата за скенирање направија голема заплена на автобус кој сообраќал од Турција кон Косово. При рутинска контрола, пронајдени се вкупно 16.051 парче непријавени лекови, чија вредност се проценува на околу 1,6 милиони денари.

Автобусот е во сопственост на туристичка агенција од Косово. Меѓу пронајдените лекови се 623 вијали Prolutex, кои се користат за хормонска терапија и поддршка на бременост, 15.000 таблети Jardiance за дијабет, како и 426 парчиња раствори за инјекции користени при магнетна резонанца – од кои 61 вијала Clariscan, 355 вијали Gadovist и 12 вијали Genburto.

Првичната контрола откри 428 вијали скриени во црна најлонска ќеса зад седиштата. Потоа автобусот беше спроведен до царински терминал за детална проверка, при што останатите 15.623 парчиња беа пронајдени во фабричките шуплини на вентилацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран