УТРО.мк

Конститутивна седница на Советот за превенција на детско престапништво во Битола

Конститутивна седница на Советот за превенција на детско престапништво во Битола
Vero

На денешната седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво (ОСПДП) на Општина Битола, беше конституиран новиот состав на Советот, со обновен мандат и јасна определба за унапредување на системскиот пристап кон превенцијата на детското престапништво.

Во рамки на седницата, за претседавач беше избрана Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач – Митко Бошевски, адвокатската комора, додека за секретар беше избрана Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола, со што се обезбедува функционално и координирано раководство на Советот во наредниот период.

Советот го разгледа и усвои Деловникот за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.
Дополнително, беше разгледан и усвоен извештајот за реализираните активности во изминатиот период, при што беа нотирани постигнатите резултати, но и предизвиците со кои се соочуваат институциите во областа на превенцијата на детското престапништво.

Посебен акцент беше ставен на утврдување на приоритетите и дефинирање на конкретни мерки и активности во рамките на Програмата за превенција на детско престапништво за 2026 година. Во таа насока, Советот ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.
Беше донесена одлука за формирање на работни групи кои ќе работат на конкретни области, со цел поефикасна имплементација на мерките и постигнување на одржливи резултати.

Членовите на Советот ја потенцираа потребата од засилена меѓуинституционална соработка, вклучување на граѓанскиот сектор и континуирана комуникација со јавноста, со цел создавање интегриран и координиран пристап во превенцијата.

Општинскиот совет испраќа јасна порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.

Општина Битола останува цврсто посветена на создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите деца и млади, преку развој и спроведување на проактивни политики и мерки засновани на соработка, превенција и рана интервенција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран