УТРО.мк

Проданоски: Започна целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“ во Прилеп (ВИДЕО)

Проданоски: Започна целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“ во Прилеп (ВИДЕО)
Vero

Прилеп – Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави почеток на градежните активности за целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“, што претставува значаен чекор кон развојот на локалната економија и привлекување на нови инвестиции.

Во рамки на проектот се предвидува реконструкција и асфалтирање на патна мрежа во должина од 973 метри, со коловоз широк 7 метри, тротоари од по 2 метри од двете страни и современо улично осветлување. Според градоначалникот, ова е долгогодишен проект кој конечно ја заокружува индустриската зона како функционален и уреден простор.

„Со инвестиција од над 37 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп, испраќаме јасна порака – вложуваме таму каде што се создава вредност. Ова е директна поддршка за компаниите, нови работни места и силна локална економија. Прилеп се развива!“, истакна Проданоски.

Проектот, како што наведуваат од Општината, е дел од програмата за развој и модернизација на локалната инфраструктура, со цел создавање услови за раст и развој на бизнисите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран