УТРО.мк

Орбан се упати кон границата со Србија

Орбан се упати кон границата со Србија
Vero

Завршницата од кампањата за парламентарните избори во Унгарија беа обележани со вест од соседна Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ, лично соопшти дека во близина на гасоводот кој ја снабдува Унгарија со руски гас е пронајдена значителна количина експлозив.

Според независни унгарски медиуми, предупредувањата за можни операции под лажно знаме против критичната инфраструктура се појавувале веќе со недели. Извори блиски до безбедносните служби укажуваат дека дел од планот настанал на српска територија, но делумно бил познат на некои унгарски експерти преку протечени информации.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан веднаш свика итен состанок на Советот за одбрана и најави дека унгарските сили што го штитат делот од „Турски тек“ на територијата на земјата ќе бидат дополнително зајакнати. Во видео објавено на својот Фејсбук профил, Орбан се заблагодари на Вучиќ за „брзиот и ефикасен одговор“ и нагласи дека нема повредени и дека се спречил обид за саботажа.

Но, Орбан не застана тука. На Велигденскиот понеделник, вториот ден од празникот познат по традиционалното прскање вода, унгарскиот премиер објави драматично видео: „Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Наместо да полеваме, одиме на унгарско-српската граница. Вчера се обидоа да го дигнат во воздух гасоводот од српска страна. Проверуваме дали сè е во ред од унгарска страна. Ќе известувам во живо за развојот на настаните“, рече тој.

Оваа активност на границата веднаш пред изборите не остана незабележана од опозицијата, која го оцени целиот инцидент како „изборен трик“ на Орбан со цел да ја мобилизира јавноста и да го зацврсти неговиот политички углед.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран