
Необична реакција кон камера за брзина во Бјеловар ја чинела 18-годишен мотоциклист потенцијални 700 евра.
Хрватската полиција поднела обвинение против младиот мотоциклист, кој додека се возел со својот мотор покрај стационарна камера за мерење брзина, го кренал средниот прст од левата рака кон камерата.
Инцидентот, според неофицијални информации, се случил во април годинава на улицата Петра Бишкупа Вена, во период кога 18-годишникот сè уште бил малолетен.
Полицијата оцениле дека со својот гест тој ги навредувал и омаловажувал полициските службеници додека ги извршувале службените задачи. По спроведената истрага, полицајците од Полициската станица Бјеловар утврдиле дека младиот човек сторил прекршок против јавниот ред и мир.
Станува збор за прекршок опфатен со член 17, за кој е предвидена парична казна од 700 до 4.000 евра.
Полицијата ќе предложи на мотоциклистот да му биде изречена минималната казна од 700 евра.
Обвинението е доставено до Општинскиот суд во Бјеловар, каде што ќе биде донесена одлука за случајот.

















