
Четириесет и петгодишна скопјанка е лишена од слобода по пријава дека подолг период физички и психички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 3 септември 2026 година, околу 02:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Х.Ѓ. (45) од Скопје.
Приведувањето следувало по претходно поднесена пријава за семејно насилство во дом на подрачјето на општина Гази Баба. Според пријавеното, мајката подолг период ја изложувала малолетната ќерка на психичко и физичко малтретирање, а во повеќе наврати ја држела заклучена во една од собите во домот.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и инспектор за малолетници и Центарот за социјални работи.
Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

















