УТРО.мк

Во Хрватска родени 924 деца повеќе: Владата воведе родителско отсуство со целосна плата до 3.000 евра

Во Хрватска родени 924 деца повеќе: Владата воведе родителско отсуство со целосна плата до 3.000 евра
Vero

Во Хрватска продолжува позитивниот тренд кај наталитетот. Во првите седум месеци од годинава се родени 924 деца повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти хрватското Министерство за демографија.

Дополнително, во јули биле регистрирани повеќе од 3.000 живородени деца, што, според Министерството, е првпат ваков број да биде забележан во еден јули во последните шест години.

Од Министерството за демографија посочуваат дека меѓу мерките насочени кон поддршка на семејствата е и моделот на родителско отсуство „6+6“, кој предвидува продолжено отсуство за родителите и целосен надомест на плата до 3.000 евра.

Според хрватските власти, станува збор за мерка која обезбедува дополнителна поддршка за вработените мајки, децата и татковците, со цел полесно усогласување на семејниот и професионалниот живот.

Министерството оценува дека ваквите демографски политики се важен дел од напорите за подобрување на условите за родителство и поттикнување на наталитетот во Хрватска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin