УТРО.мк

Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ

Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ
Vero

Македонија во 2000 година била пред Хрватска во институционалното приближување кон Европската Унија, но блокадите од две држави ја чинеле 21 година во тој процес, оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пренесе РТЦГ.

Зборувајќи пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, тој го посочи македонскиот пример во контекст на односите меѓу Хрватска и Црна Гора и условите за нејзино пристапување во Унијата.

„Го имате примерот со Северна Македонија, која, кога го имавме самитот во Загреб во 2000 година, беше пред Хрватска во институционалниот аспект. Тие сè уште не ги започнале преговорите. Постојат две земји кои, да речеме, од 2005 до 2026 година ѝ одземаа 21 година институционално приближување на Северна Македонија кон Европската Унија“, рече Пленковиќ.

Хрватскиот премиер оцени дека Загреб не го применува истиот пристап кон Црна Гора. Според него, и покрај тешкото наследство во меѓусебните односи, Хрватска настапува конструктивно.

Тој посочи дека барањата до Подгорица се однесуваат на обврски што, според хрватската страна, произлегуваат од европските вредности и идното членство во ЕУ.

На билатералните условувања во процесот на проширување се осврна и шефицата на европската дипломатија Каја Калас, која порача дека тие не треба да го определуваат пристапувањето на кандидатките.

„Многу е важно да не се билатерализира проширувањето. Мора да бидеме посилни заедно и кандидатките се во Европа. Новите членки придонесуваат за безбедноста“, изјави Калас.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран