Административниот суд во Благоевград ја потврди одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, со која беше одбиена жалбата против декларацијата на Советот на Општина Благоевград од октомври 2022 година. Во декларацијата, македонската нација беше прогласена за вештачка, а отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ беше оценето како антибугарска манифестација.
Според советниците, македонската нација била создадена со политички мотиви и како таква не постоела историски, додека отворањето на клубот било „груба провокација“ и „демонстрација“ против бугарските национални права.
И покрај декларацијата, клубот „Никола Вапцаров“ беше отворен во октомври 2022 година во присуство на македонски политички лидери и поддржувачи, со цел да се гради мост меѓу бугарскиот и македонскиот народ.
Во март 2023 година, иницијаторите поднесоа жалба за дискриминација, која беше одбиена од Комисијата, а потврдената одлука од судот може да се обжали пред Вишиот административен суд.
Судот оценил дека прогласувањето на македонската нација за вештачка не претставува дискриминација врз основа на етничка припадност или убедување.