УТРО.мк

Обоки – Традиција и природа на граница со Македонија

Обоки – Традиција и природа на граница со Македонија
Vero

Село Обоки (Katund i Vogël) е живописно село кое се наоѓа во административната единица Маќелара, во областа Поле, во западното подножје на планината Дешат. Се наоѓа на кратко растојание северно од Почести и североисточно од Маќелари. На 4,7 км источно по воздушна линија е границата со Македонија, по која високо во планината се издига врвот Голем Крчин (2.343 м).

Во планнинскиот дел на атарот се забележани топонимите Уздарица, Плошт, Ливаѓе, Колца, Сестреница, Слатиница, Острилец, Буја-шума, Света Недела, додека пак во нивскиот дел се топонимите Ченчоици, Уздоба, Пераница, Млачник итн.

Сместено меѓу зеленилото и спокојството на природата, ова село ги зачувува старите традиции и карактеристичното гостопримство на своите жители. Со историја тесно поврзана со околното подрачје и пејзажи кои нудат ретка природна убавина, село Обоки е место кое заслужува внимание за оние кои бараат автентичност и мир во срцето.

Во Отоманското Царство

Според османлискиот попис од 1467 г. во Хобок имало 3 домаќинства. Во XIX век Обоки било македонско село во Дебарската Каза со мешана вероисповед.. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Обоки  било село со 50 домаќинства сочинети од 129 жители Македонци – православни и 58 Македонци – муслимани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во село Обоки живееле 175 Македонци – православни и 180 Македонци – муслимани.

На XIX век во село Обоки имало 25 православни куќи со 125 жители Македонци. бугарско училиште. Во 1911 г. весникот „Дебарски глас“ напишал: Три часа северозападно од градот Дебар се наоѓа селото Обоки , сместено на подножјето, недалеку од падините на Крчин Планина, на едно доста плодно место, кое обилно се напојува со водите на истата планина. Селото брои околу 51 куќа, од кои 27 на Македонци – православни и Македонци – муслимани. Македонците [христијаните] веќе 15 години имаат училиште. Населението на селото без разлика на верата наоѓаат издршка по странство: во Македонија и Солун. Мал дел од машкото население останува дома, за да се занимава со земјоделство.

Во 1911 г. селаните одбиле да плаќаат ушур (десеток) на наследниците на Илјаз-паша и на 22 јануари 1911 г. од селото се истерани семејствата на Трпе Костовски, Гиго Костовски, Ангеле Костовски, Кузман Костовски, Блаже Јовчевски, Фетах Сејфула, Реџеп Абдула, Али Елмаз, Черкез Аслан, Сулејман Џемаил, Ферад Абди, Салим Черкез и Вејсал Ферад.

Гробот на Македонецот Никола Саров Кузманов од село Обоки (1875 – 1972)  

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911/12 г. во Обоки имало 25 македонски православни куќи со 125 жители, и во него работеле црква и училиште.

Јован Хаџи Васиљевиќ во 1924 г. вели дека село Обоки во негово време било мешано село со над 400 жители, селото се делело на три маала: Горно, Средно и Долно. Во негово време во Горното маало живеело само едно христијанско семејство, во Средното сите биле муслимани, а во Долното биле христијаните. Во 1930 г. Село Обоки е заведено како село со 40 куќи. Во селото била зачувана црквата.

Извор: vesnik-ilinden.com

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран