УТРО.мк

Нови немири во Србија: судири на демонстранти и полиција во Белград

Нови немири во Србија: судири на демонстранти и полиција во Белград
Vero

Белград синоќа беше центар на нови инциденти за време на протестите против власта. Демонстрантите се судрија со полицијата и ги демолираа канцелариите на владејачката Српска напредна странка. Безбедносните сили одговорија со солзавец и димни бомби, а уапсени се неколку лица.

Претседателот Александар Вучиќ утрово ги посети оштетените простории и најави построга акција на државата.
„Изгледа дека сум се повредил, но тоа е најмалку важно. Ова покажува со какви насилници и хулигани се соочуваме – луѓе кои не знаат што да прават со сопствениот живот. Вчера беа малобројни, а и тие што се појавија брзо побегнаа. Ние нема да се повлечеме, ќе им се спротивставиме на секое место“, изјави Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, соопшти дека досега се приведени пет лица.
„Сите што извршиле кривични дела и акти на насилство ќе бидат санкционирани. Процесот на идентификација на напаѓачите е започнат. Повторно повикувам на мир – државата е посилна од сите што повикуваат на насилство“, истакна тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран