УТРО.мк

Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза

Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза
Vero

Грција стои на браникот на Европа во време на геополитички тензии, предупреди премиерот Киријакос Мицотакис пред утрешниот самит на Европскиот совет во Брисел. Тој посочи дека контекстот на конфликтите на Блискиот Исток може да предизвика не само енергетска и економска нестабилност, туку и нова миграциска криза слична на онаа од 2015 година.

Мицотакис го истакна значењето на членот 42.7 од договорот на Европската Унија, кој предвидува заемна помош меѓу земјите-членки во случај на напад. Според него, Грција беше меѓу првите кои го поддржаа Кипар, а други земји подоцна се приклучија, но тој повика на претворање на сегашната „неформална“ примена на клаузулата во цврст институционален механизам, кој би гарантирал брз и координиран европски одговор.

Посебна загриженост Мицотакис изрази за економските и енергетските ризици. Нападите врз нафтената инфраструктура во Персискиот залив, предупреди тој, може да предизвикаат нагло поскапување на енергијата и сериозни глобални последици. Европските институции мора да се подготват да ги заштитат најранливите граѓани, како и компаниите, од ненадејни потреси на пазарот, истакна премиерот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран