УТРО.мк

Иран издаде итно предупредување: нафтени и гасни објекти во Заливот под закана од напади

Иран издаде итно предупредување: нафтени и гасни објекти во Заливот под закана од напади
Vero

Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) упати итно предупредување до граѓаните во Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Катар да се повлечат од близина на клучни нафтени и гасни објекти, наведувајќи дека тие ќе бидат мета на напади во наредните часови.

Во соопштението се нагласува дека овие објекти се сметаат за „легитимни цели“, а од жителите, вработените и сите кои се наоѓаат во нивна близина се бара веднаш да ги напуштат областите и да се оддалечат на безбедно растојание.

Меѓу посочените локации се рафинеријата „Самреф“ и петрохемискиот комплекс „Ал Џубаил“ во Саудиска Арабија, гасното поле „Ал Хосн“ во Обединетите Арапски Емирати, како и комплексот „Масаид“ и рафинеријата „Рас Лафан“ во Катар.

Предупредувањето доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот, по започнувањето на американско-израелските напади врз Иран кон крајот на февруари. И покрај претходните обиди за дипломатски разговори меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма, конфликтот ескалираше.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран