
Огромен интерес е забележан за последниот конкурс за вработување во институциите на Европската унија. Европската канцеларија за селекција на персонал (EPSO) објави дека за 1.500 административни позиции од ниво AD-5 се пријавиле дури 170.000 кандидати од цела Европа.
Главната причина за високата заинтересираност се конкурентните почетни плати, кои се движат меѓу 6.000 и 7.000 евра месечно, како и сигурноста на работното место и бројните бенефиции што ги носи статусот на вработен во институциите на ЕУ.
Овој конкурс е особено атрактивен бидејќи ваков повик за административни позиции не бил распишан од 2019 година, што многу кандидати кои работеле на привремени договори го доживеале како ретка можност за трајно вработување. Илјадници кандидати се подготвувале со години за вакви повици.
Интересот е толку голем што EPSO се соочува со логистички предизвици, па тестирањето за толку голем број кандидати ќе се одвива целосно виртуелно, со што системот е на границата на своите капацитети.
Сепак, и за оние кои ќе ги поминат почетните кругови, вработувањето не е загарантирано. Конкуренцијата за секое од 1.500-те работни места ќе биде исклучително силна, а најмногу пријави пристигнале од Италија – над 79.000 кандидати, што ја прави земјата водечка по број на заинтересирани за работа во институциите на Европската унија.























