УТРО.мк

Проданоски повика на еко-акција за пошумување на Маркови Кули

Проданоски повика на еко-акција за пошумување на Маркови Кули
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули“ е одобрен за реализација, а неговата цел е да се зајакнат еколошките процеси и да се зачува биолошката и пределската разновидност на овој значаен локалитет.

Проданоски истакна дека во рамките на проектот е набавена опрема за садење дрвја која ќе биде на располагање на ЈКП „Комуналец“, како и 6000 дабови садници кои ќе бидат засадени на акцијата за пошумување. Иницијативата ќе се одржи во сабота, на 21 март, а со тоа ќе се одбележи и Денот на пролетта и Денот на екологијата.

Градоначалникот ги повикува сите граѓани и љубители на природата да се приклучат и да придонесат за позелена и поздравa околина. Пoаѓањето е закажано во 09:00 часот од пред Општина Прилеп, а за сите учесници ќе биде обезбеден превоз.

„Да ја покажеме нашата грижа за природата и заедно да придонесеме за позелен Прилеп!“, порача Проданоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран