
Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000 денари.

Оваа активност е дел од втората компонента на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој има за цел проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст.
Со овој проект, Општина Пробиштип ја зголемува достапноста и квалитетот на услугите во детските градинки, обезбедувајќи подобри услови за воспитување и едукација на најмладите.























