УТРО.мк

Хегсет: САД подготвуваат најсилни напади досега врз Иран

Хегсет: САД подготвуваат најсилни напади досега врз Иран
Vero

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, најави нов бран интензивни воени напади врз Иран, нагласувајќи дека операцијата ќе продолжи со засилен интензитет сè до нејзиното целосно завршување.

На прес-конференција, Хегсет истакна дека разговарал со семејствата на шесте американски војници кои загинаа минатата недела во пад на воен авион над Ирак. Според него, нивната порака била јасна – операцијата да продолжи до крај.

„Побараа да не се откажуваме и да ја завршиме работата“, изјави Хегсет, додавајќи дека и тој и американскиот претседател Доналд Трамп ја споделуваат таа решителност.

Тој најави дека следува „најголемиот пакет напади досега“, потенцирајќи дека станува збор за масовна и прецизна воена операција. Според неговите зборови, американските и сојузничките сили досега погодиле повеќе од 7.000 цели поврзани со иранската воена инфраструктура.

Хегсет тврди дека иранската воздушна одбрана е сериозно ослабена, додека голем дел од одбранбената индустрија е уништен. Тој додаде дека значително се намалени капацитетите за производство на балистички ракети и беспилотни летала, оценувајќи дека падот достигнува околу 90 проценти.

Во своето обраќање, министерот истакна и дека се уништени значителен број ирански воени пловила, вклучително и подморници, што дополнително ја намалува оперативната способност на Техеран.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран