УТРО.мк

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора – Ова се деталите

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора – Ова се деталите
Vero

Службеници на Регионалниот безбедносен центар „Север“ во Црна Гора, во соработка со Основното државно обвинителство во Плав, ја лишиле од слобода македонската државјанка Е. И. поради сомнение за сторено кривично дело измама на штета на физичко лице од Плав.

Според МВР на Црна Гора, Е. И. од ноември 2023 година лажно изнесувала факти и довела во заблуда оштетеното лице, наведувајќи го да ѝ предаде пари во износ од 10.000 евра, наводно за плаќање данок во процес на купување стан. Дел од парите биле испратени преку банка, а дел ѝ биле предадени директно во присуство на осомничената.

Со наредба на обвинител, Е. И. е лишена од слобода и со кривична пријава е предадена на надлежните органи. Регионалниот безбедносен центар „Север“ нагласува дека борбата против економскиот криминал ќе остане еден од приоритетите на службата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран