УТРО.мк

Мирно утро во Белград по синоќешните инциденти пред Парламентот – приведени 37 лица

Мирно утро во Белград по синоќешните инциденти пред Парламентот – приведени 37 лица
Vero

По синоќешните тензии и судири пред Народното собрание на Србија, утрово ситуацијата во центарот на Белград е мирна, јавуваат српските медиуми.

Полицијата соопшти дека во текот на ноќта биле приведени 37 лица поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти за време на ненајавен јавен собир. МВР и БИА најавија дека продолжуваат со идентификација на други учесници кои ја загрозиле безбедноста на граѓаните и јавниот имот.

Инцидентите избија синоќа пред Парламентот, каде што се собраа стотици граѓани во поддршка на Дијана Хрка — мајка на 27-годишниот Стефан Хрка, кој загина заедно со уште 15 лица при уривањето на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Таа започна штрајк со глад барајќи одговорност за трагедијата, ослободување на уапсените студенти и распишување избори во Србија.

На протестот дојде до вербални и физички судири меѓу поддржувачите на Хрка и симпатизерите на власта кои веќе неколку месеци кампуваат во Пионирски парк, каде што од звучници одекнувала музика што, според демонстрантите, имала провокативен карактер.

Меѓу приведените, според српските медиуми, е и поранешниот кошаркар Владимир Штимац, кој наводно поттикнувал насилство.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека инцидентите биле „очекувани“ и ги отфрли обвинувањата дека власта стои зад насилството.

Собирите во поддршка на Дијана Хрка се одржаа и во повеќе српски градови, вклучувајќи ги Нови Сад, Ниш и Суботица. Таа изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад сè додека не бидат исполнети нејзините барања.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран