УТРО.мк

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Газа

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Газа
Vero

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека милитантното движење Хамас е решено да го почитува договорот за примирје во Газа, но истакна дека израелската администрација продолжува со окупацијата и нападите.

„Се соочуваме со администрација која масакрирала повеќе од 200 невини лица од стапувањето во сила на договорот за примирје и истовремено продолжила со нападите и окупацијата на Западниот Брег. Не можеме да дозволиме анексија на Западниот Брег, промена на статусот на Ерусалим, ниту обиди за нарушување на достоинството на џамијата Ал Акса“, порача Ердоган при отворањето на состанокот на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (COMCEC) во Истанбул.

Тој додаде дека се надева дека одлуките донесени на овој форум ќе бидат корисни за исламските земји, но и за целиот свет.

Ердоган се осврна и на ситуацијата во Сирија, нагласувајќи дека „нашите сириски браќа 14 години плаќале многу висока цена“, а речиси еден милион луѓе го загубиле животот во нападите на режимот и терористичките организации на Баас партијата.

„Милиони биле приморани да емигрираат во други земји, вклучувајќи 3,6 милиони Сиријци во Турција. За тој период, ние ги примивме сириските бегалци, настојувајќи да ја исполниме нашата должност како сосед и брат на најдобар можен начин“, истакна претседателот на Турција.

Тој посочи дека крвопролевањето конечно завршило со револуцијата од 8 декември минатата година, кога Сирија влегла во период на опоравување под мудро водство на претседателот Ахмед ал-Шаре.

Ердоган изрази задоволство што претставниците на Сирија, по долга пауза, присуствуваат на состанокот на COMCEC и заклучи дека Турција продолжува да ја пружа поддршката на Сирија во области како транспорт, образование, безбедност, трговија и здравство, истакнувајќи дека поддршката од исламскиот свет е клучна за зачувување на политичкото единство и територијалниот интегритет на земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран