УТРО.мк

Македонија сака да отвори конзулат во Корча, Албанија

Македонија сака да отвори конзулат во Корча, Албанија
Vero

Министерот за надворешни работи и трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, најави иницијатива за отворање македонски конзулат во албанскиот град Корча. Изјавата доаѓа за време на неговата официјална посета на општина Пустец, каде што живее значајна македонска заедница.

„Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада треба да направиме повеќе за Македонското малцинство во Пустец“, изјави Муцунски.

Тој посочи дека е потребно повисоко конзуларно ниво во Албанија, кое нема да се ограничи само на издавање пасоши, туку ќе опфати и други аспекти на дипломатска и културна поддршка.

Муцунски најави и средба со својот албански колега Игли Хасани во Охрид, каде што ќе ја отвори темата за отворање на конзулатот. „Имаме фантастичен однос со него. Исто така, ќе го замолам албанскиот министер да отвори македонски конзулат во Корча“, рече тој.

Според него, Владата на Македонија има обврска да инвестира во социјални и културни проекти во Пустец, како начин за јакнење на врските со македонското малцинство во Албанија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран