Голем шумски пожар избувна на грчкиот полуостров Халкидики, при што властите итно наредија евакуација на жителите и туристите од загрозените подрачја.
Пожарот беснее во близина на популарното летувалиште Ормос Панагиас, а според информациите од грчките медиуми, ситуацијата е сериозна поради силните југоисточни ветрови кои го отежнуваат гаснењето.
На терен се ангажирани 65 пожарникари со 20 противпожарни возила, како и два пешадиски тима. Воздушната поддршка вклучува осум противпожарни авиони и еден хеликоптер.
Преку бројот за итни случаи 112, властите испратија предупредувачка порака до сите во областа со повик итно да се евакуираат кон Никити. Истовремено, патот од Ормос Панагиас до Вурвуру е затворен за сообраќај.
„Доколку сте во областа, оддалечете се кон Никити, следете ги упатствата на властите“, се наведува во пораката.
Пожарот избувнал во близина на камп, потврдија од Службата за заштита од шумски пожари во Лавреотики, а густ чад се шири низ поширокиот регион.
Надлежните апелираат граѓаните да останат смирени и да соработуваат со спасувачките тимови додека трае интервенцијата.