
70-годишен турист од Македонија, кој бил на одмор во Неи Пори речиси се удавил додека уживал во капење во морето, објавува Прототема.
– 70 годишникот ја изгубил свеста во водата и за среќа спасувачот брзо го забележал и го извлекол од морето, а тој не морал да изврши кардиопулмонална реанимација бидејќи човекот се вратил во живот со помош на кислородот што го обезбедиле спасувачите, како што може да се види од фотографијата објавена од protothema.gr.Фото: Прототема
Македонскиот државјанин бил отпуштен од болница по два дена хоспитализација.Фото: Прототема
Во друг случај тројца спасувачи и еден лекар спасија 65-годишна туристка од Србија кој доживеа срцев удар на плажата Лептокарија, Пиерија, минатиот вторник.
Жената е префрлена во болницата во Катерини и примена на Одделот за интензивна нега, додека нејзината здравствена состојба се подобрува без проблеми.

















