УТРО.мк

Лерин добива 1,04 милијарди евра за развој: нови проекти, инвестиции и нова инфраструктуа

Лерин добива 1,04 милијарди евра за развој: нови проекти, инвестиции и нова инфраструктуа
Vero

Преку Локалниот план за развој, регионот на Лерин ќе биде корисник на 1,04 милијарди евра, насочени кон унапредување на инфраструктурата и поттикнување на локалната економија. Од оваа сума, 923 милиони евра се наменети за реализација на проекти, додека 122 милиони евра ќе бидат искористени како грантови и поволни заеми за бизниси преку фондовите ТАА и ЕΑΤ.

Во планот се вклучени повеќе клучни интервенции со директно влијание врз квалитетот на живот: ново развојно програмирање со средства од Зелен фонд, повторно пуштање во употреба на патничкиот воз во Неводен, железничко поврзување меѓу Лерин и Солун, како и подобрување на националната патна мрежа, особено делницата Птолемаида – Ксино Неро.

Зајакнувањето на претприемништвото е предвидено преку мерки како даночни олеснувања, државни субвенции, субвенционирање на лизинг и вработувања, како и обезбедување на поволни заеми и поедноставени процедури за лиценцирање.

Предвидена е и реконструкција на скијачкиот центар Вичо – Писодери, надградба на Центарот за физикална и медицинска рехабилитација во Неводен, како и реновирање на Општата болница во Лерин и здравствените установи во поширокиот регион.

Пакетот мерки вклучува и финансиска поддршка за жителите на недостапни подрачја, мобилни здравствени тимови, изградба на студентски дом за 150 студенти, како и проширување на системот за далечинско греење.

Овој обемен инвестициски план го позиционира Лерин како стратешки важен регион за рамномерен развој, со силен фокус на инфраструктурата, здравството, образованието и економската конкурентност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран