УТРО.мк

Солун со строги мерки против непрописно паркирање: Блокатори и за македонските туристи

Солун со строги мерки против непрописно паркирање: Блокатори и за македонските туристи
Vero

Солун воведува нова, построга казнена мерка против непрописно паркирање – блокатори на тркала. Одлуката важи и за странски возила, вклучувајќи ги и македонските туристи, кои во летниот период масовно го посетуваат градот за шопинг и прошетки.

Според соопштението, блокаторите ќе се поставуваат на сите возила кои ќе бидат затекнати на места резервирани за локални жители, рампи за лица со попреченост, како и на зони за товарење и истовар.

„Паркирањето на стотици возила со странски таблички, особено во туристичката сезона, стана секојдневие. Имаше и случаи кога возачите намерно ги отстрануваа регистарските таблички за да избегнат казна. Тоа повеќе нема да помине“, соопштува Општината.

Доколку возачите забележат дека нивното возило не може да се придвижи, најверојатно станува збор за поставен блокатор. Во тој случај, потребно е да се јават на бројот на општинската полиција: +30 2313 317930, да ја платат казната, по што само овластени служби ќе ја отстранат блокадата.

Заменик-градоначалникот задолжен за општинската полиција, Костас Циапакидис, изјави за агенцијата АНА-МПА дека новата мерка била неопходна:

„Во многу случаи, странци ги кинеле казните и си заминувале без последици. Со блокаторите тоа повеќе не е возможно. Имавме дури и возила паркирани на забрането по 15 дена.“

Мерката ќе важи најмалку до крајот на септември, а контролите ќе бидат засилени особено во деловите каде што најчесто се движат македонските туристи – околу трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“, променадата и централниот плоштад.

Граѓаните се повикуваат на внимание и строго почитување на правилата за паркирање, за да избегнат непријатности и дополнителни трошоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран