
Видео објавено на социјалните мрежи открива која е македонската песна поради која градоначалникот на Лерин ја запре изведбата на групата,,Банда Ентопика”.
Инцидентот се случи на грчкото Коледе пред две недели кога градоначаникот на Лерин Василис Јанакис забрани да се пее македонска песна.
Песната е речиси непозната за пошироката македонската јавност во земјава но е многу популарна меѓу Македонците во Егејска Македонија.



























