УТРО.мк

Нова блокада на границите: Грчките земјоделци ги затвораат премините кон Македонија на 48 часа

Нова блокада на границите: Грчките земјоделци ги затвораат премините кон Македонија на 48 часа
Vero

Грчките земјоделци ја заоструваат својата борба, што ќе резултира со целосна блокада на клучните гранични премини меѓу Грција и Македонија во наредните 48 часа. Се очекува сериозен сообраќаен метеж, поради што на патниците и транспортерите им се препорачува да ги одложат патувањата или да користат алтернативни правци.

Според најновите информации, граничниот премин Богородица – Евзони ќе биде целосно затворен од 17:00 часот по македонско време. Блокадата ќе важи за сите категории возила, вклучително и товарни возила, автомобили и автобуси, и ќе трае два дена.

Граничниот премин Меџитлија – Ники е затворен уште од утринските часови. Иако формално забраната важи за сите возила, грчките земјоделци најавуваат можност за повремено пропуштање, што сепак носи ризик од долги задржувања и неизвесно чекање.

Во моментов, единствен премин кој функционира без блокади е граничниот премин кај Дојран, каде сообраќајот се одвива нормално.

Покрај границите со Македонија, земјоделците ќе ги блокираат и премините кон Бугарија, како и граничниот премин Какавија кон Албанија. Во самата Грција се очекува целосен сообраќаен хаос, со блокиран автопат меѓу Солун и Атина, како и бројни регионални и споредни патишта.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран