УТРО.мк

Попова Шапка се подготвува: снегот е тука, сезоната допрва почнува

Попова Шапка се подготвува: снегот е тука, сезоната допрва почнува
Vero
skijanje
skijanje

Попова Шапка ја чека новата скијачка сезона со половична подготвеност и големи очекувања. Иако последните снежни врнежи го обелија ски-центарот и донесоа зимска атмосфера, снежната покривка од околу 40 сантиметри засега не е доволна за старт на ски-лифтовите.

Во меѓувреме, на терен интензивно се работи: се уредуваат ски-патеките, а паралелно се спроведуваат и технички контроли на жичниците. Од раководството на центарот претходно најавија дека сезоната би можела да започне уште овој викенд, со надеж дека најавените нови снежни врнежи ќе создадат услови за старт.

Хотелиерите, пак, велат дека интересот е огромен. Речиси целата зимска сезона е веќе резервирана, што, според нив, е јасен сигнал дека Попова Шапка има сериозен туристички потенцијал. Но, потенцијалот, предупредуваат, не може да се искористи без крупни вложувања. Како приоритет ја посочуваат изградбата на систем за вештачки снег, кој би овозможил сигурна и подолга сезона, независна од природните врнежи.

Дополнителен оптимизам донесе и посетата на премиерот Христијан Мицковски, кој викендов најави „сериозни инвестиции“ во ски-центарот, без да прецизира детали. Според неговите изјави, интерес покажале и „многу сериозни инвеститори“, а на маса е и идејата за изградба на нова жичарница на релација Тетово–Попова Шапка.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран