УТРО.мк

Избркани по дожд од сместување во Хрватска – Исланџанка открива: Домаќинката ја исклучи климата и се налути за две маици

Избркани по дожд од сместување во Хрватска – Исланџанка открива: Домаќинката ја исклучи климата и се налути за две маици
Vero

Туристка од Исланд го опиша своето „најлошо Airbnb искуство досега“ во објава на Facebook групата Croatia Travel – 2025, раскажувајќи што ѝ се случило за време на престојот во Сплит со сопругот.

Парот резервирал приватна соба со заедничко купатило во куќа на локална жена. Иако во огласот пишувало дека е возможно самостојно пријавување, домаќинката постојано им испраќала пораки, ги повикувала и им рекла дека ќе ги чека.

„Сѐ изгледаше пријателски кога пристигнавме. Ни објаснуваше повеќе од 20 минути. Потоа мојот сопруг ја вклучи климата и отиде да се тушира. Јас исправ две маици во машината. Одеднаш, домаќинката ја исклучи климата и рече дека надвор врне и е доволно ладно. Но ние сме од Исланд – над 20 °C не ни е ладно!“, напиша таа.

Жената се налутила и за тоа што машината за перење била користена само за две маици. По кратка расправија, туристите решиле да си заминат, дури и по дожд.

„Поучно: не се водете само по ознаката ‘Омилено кај гостите’ на Airbnb. Читајте ги рецензиите. Сега сме во хотел и уживаме“, заклучила таа.

Коментарите на корисниците на групата беа поделени – некои изразија сочувство и предложија да побара поврат на парите, додека други застанаа во одбрана на домаќинката.

„Можам да те разберам, но и локалците имаат свои маки. Лани во Водице немавме струја цел ден поради преоптоварување – сите вклучиле клима и си отишле. Исто така, перење само две маици навистина знае да ги налути изнајмувачите“, напиша еден од коментаторите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран