УТРО.мк

Катастрофални поплави во Кина: Најмалку 60 загинати, Пекинг речиси ја доби целата годишна количина дожд

Катастрофални поплави во Кина: Најмалку 60 загинати, Пекинг речиси ја доби целата годишна количина дожд
Vero

Екстремните временски услови што ја зафатија северна Кина изминатата недела предизвикаа големи поплави во кои загинаа најмалку 60 лица, од кои 31 во дом за стари лица во планинскиот округ Мијун – една од најтешките несреќи што ја погодиле кинеската престолнина во последниве години.

Во Пекинг, до четврток напладне, загинале 44 лица, а девет се водат за исчезнати, изјави заменик-градоначалникот на Пекинг, Сја Линмао. Врнежите, кои започнаа пред околу една недела, го достигнаа својот врв во понеделникот, со количина од 573,5 мм дожд во Мијун – речиси колку просечната годишна количина на врнежи во Пекинг, која изнесува околу 600 мм.

Во соседната провинција Хебеј животот го загубиле уште 16 лица, а осуммина починале во градот Ченгде, каде што 18 луѓе се водат за исчезнати. Според државната агенција Синхуа, најголемиот број жртви се од рурални средини околу градот Синглонг, но не е наведено кога и како починале.

Поплавите предизвикале и рекордни водостој во најголемиот резервоар во северна Кина – Мијун. Во неделата, преку браната протекувале 6.550 кубни метри вода во секунда – еквивалентно на околу 2,5 олимписки базени, што довело до уништување на делови од блиските населби.

Кинеските власти се соочуваат со огромни предизвици во справувањето со последиците од невремето, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по исчезнатите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран