УТРО.мк

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачи

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачи
Vero

Во Грција денеска нема возови поради штрајк на машиновозачите, објави синдикатот на машиновозачи. Причината за протестот се отпуштањата на тројца искусни машиновозачи во август, кои, според синдикатот, имале над 42 години стаж и здравствени проблеми.

Синдикатот исто така посочи дека компанијата „Хеленик Трејн“, субвенционирана со над 50 милиони евра годишно од државата, ги принудува машиновозачите да работат прекувремено и во денови за одмор, додека дел од персоналот не ги добил редовните одмори за 2024 година.

Машиновозачите ја повикаа компанијата да ги повлече отпуштањата и да обезбеди почитување на работните права, во спротивно штрајкот ќе продолжи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран