УТРО.мк

ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ НА УДАР – 11.500 пријави за нерегуларности

ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ НА УДАР – 11.500 пријави за нерегуларности
Vero

Незаконско заземање на плажите со поставени лежалки и чадори од бич баровите, недостаток на спасувачи, пречки за слободен пристап и недостиг на инфраструктура за лица со попреченост се главните проблеми пријавени преку специјалната апликација на грчката Влада „MyCoast“, јави дописничката на МИА од Атина.

Заклучно со 17 август, преку апликацијата биле доставени 11.512 пријави за плажите низ цела Грција, при што најголем број се од Халкидики (2.433), источниот дел на областа Атика и поширокиот дел на Атина (1.048), Халкидики (817) и Додеканизите (793).

Портпаролот на Министерството за национална економија и финансии, Омирос Цапалос, истакна за државната телевизија ЕРТ дека пријавите се двојно помали отколку во истиот период лани, што покажува подобра организација годинава.

„MyCoast“ е бесплатна апликација преку која посетителите можат да проверат законскиот простор доделен на бич баровите, присуство на спасувач, пристапност за лица со инвалидитет и други критериуми. Доколку се забележат отстапки, корисниците можат анонимно или со име и презиме да поднесат пријава.

Од досега поднесените пријави, 7.449 се однесуваат на незаконски поставени лежалки надвор од дозволениот простор, со најголем број случаи повторно во Халкидики. За нерегуларностите се предвидени високи парични казни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран