На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, која го вознемирила населението на Алипашино Поље, јави порталот Ослобоѓење.
Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека била активирана непозната експлозивна направа. „Дежурниот обвинител го квалификува настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот. Полициските службеници продолжуваат со активности за документирање на кривичното дело и пронаоѓање на сторителот“, изјави МВР на кантонот.
Форензичките тимови собираат докази од местото на настанот, а пошироката околина е обезбедена со полициска лента. Според првичните информации, експлозијата предизвикала оштетување на возила паркирани пред казиното.































