УТРО.мк

Драма во Хрватска: Убиен шефот на крим полицијата во кафеана, напаѓачот потоа си пукал во глава пред сведоци!

Драма во Хрватска: Убиен шефот на крим полицијата во кафеана, напаѓачот потоа си пукал во глава пред сведоци!
Vero

Тешко убиство утрово ја потресе Крапина, Хрватска откако во еден угостителски објект беше застрелан началникот на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапинско-загорска, Роберт Грилец.


Според информациите од хрватската полиција, инцидентот се случил околу 8:10 часот, кога 52-годишен маж влегол во кафулето и со огнено оружје го усмртил полицискиот службеник, кој во моментот не бил на должност. По нападот, напаѓачот излегол надвор од локалот и со истото оружје си пукал во себе.


Од Полициска управа Крапинско-загорска потврдија дека повредениот напаѓач со хеликоптер бил итно пренесен во КБ Дубрава, додека неговата здравствена состојба засега не е официјално соопштена.


Според хрватските медиуми, убиениот Роберт Грилец бил долгогодишен полициски функционер и раководител на криминалистичката полиција во регионот. Неофицијално, тој и напаѓачот биле соседи и живееле во исто маало во Крапина.


Портпаролот на полицијата Звонимир Лончар изјави дека полицијата е на терен и интензивно ги утврдува сите околности околу злосторството.
„Нешто по осум часот во угостителски објект во Крапина со огнено оружје е убиен полициски службеник кој бил вон служба. Сторителот потоа се повредил со истото оружје и со хеликоптер бил пренесен во КБ Дубрава“, изјави Лончар за хрватските медиуми.


Сведоците кои се наоѓале во кафулето во моментот на нападот опишуваат сцени на паника и ужас. Келнерот Доријан Шваљек за хрватските медиуми изјавил дека напаѓачот мирно влегол во локалот со пиштол во раката, се свртел кон жртвата и без никаква расправија испукал три куршуми.


„Само влезе, се сврте кон него и трипати пукаше. Немаше кавга, немаше зборови, ништо. Потоа излезе надвор и си пукаше во себе“, раскажал Шваљек.
Во моментот на нападот во кафулето имало околу петнаесет гости, кои во паника почнале да бегаат и да се кријат. Келнерот изјавил дека десетина минути бил скриен во магацин додека не пристигнала полицијата.


Неговата колешка Викторија Жижак, која во моментот му земала нарачка на убиениот полицаец, сведочи дека злосторството се случило буквално пред нејзините очи. „Го уби пред мене. Трипати пукаше без ниту еден збор. Само го впери пиштолот и отвори оган. Потоа погледна кон мене и јас избегав во магацинот“, изјавила таа.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран