УТРО.мк

Инцидент пред Град Скопје: Пијани лица уринирале врз службено возило, па претепале комунален редар – завршил со скршен нос!

Инцидент пред Град Скопје: Пијани лица уринирале врз службено возило, па претепале комунален редар – завршил со скршен нос!
Vero

Сериозен инцидент се случил ноќеска на булеварот „Илинден“ во Скопје, каде комунален редар од Град Скопје бил физички нападнат и завршил со скршен нос, откако група лица во алкохолизирана состојба наводно оштетувала јавен имот и уринирала врз службени возила.


Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 00:10 часот во СВР Скопје. На терен биле тројца комунални инспектори кои затекнале три лица, при што едно од нив уринирало врз службено возило на Град Скопје, а потоа се обидело да се оддалечи од местото.


По кратка вербална расправија со 51-годишниот вработен И.С., ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, при што и двајцата учесници се здобиле со повреди.


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека лицата биле под дејство на алкохол и претходно уништувале јавен имот во околината. Според него, едно од лицата подоцна повторно се вратило пред објектот на Град Скопје, продолжило со навреди, агресивно однесување и физички го нападнало редарот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран