УТРО.мк

Андоновски: Македонија мора да создава технологии, а не само да ги користи – отворен првиот Deep Tech Park

Андоновски: Македонија мора да создава технологии, а не само да ги користи – отворен првиот Deep Tech Park
Vero

Министерот за информатичко општество Стефан Андоновски порача дека инвестициите во технолошките паркови претставуваат инвестиции во идеи, талент и иднината на државата, по повод отворањето на првиот македонски технолошки парк за напредна deep-tech технологија – N99 Deep Tech Park.


Во својата објава, Андоновски истакна дека новиот технолошки парк претставува простор кој ќе ги поврзува иновациите, науката, стартап компаниите, приватниот сектор и институциите во заеднички екосистем за развој на напредни технологии и дигитални решенија.


Според него, во време кога државите сè повеќе се натпреваруваат преку знаење, иновации и технолошки развој, Македонија мора да создава услови младите таленти, инженерите и претприемачите своите идеи да ги реализираат дома, наместо во странство.
Андоновски посебно нагласи дека областите како Artificial Intelligence, роботиката и сајбер безбедноста стануваат дел од националната технолошка стратегија и амбиција на државата.


Тој откри дека паралелно со развојот на технолошките паркови се работи и на проектот „Везилка“, кој треба да претставува национална AI и суперкомпјутерска инфраструктура. Според најавите, проектот ќе помогне во развој на македонски јазични модели, научни истражувања, иновации и создавање нова дигитална економија.
„Македонија не треба само да користи технологии. Македонија треба да создава технологии“, порача Андоновски во објавата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран