УТРО.мк

ВРЕДИ СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДНА ПАРТИЈА: Историски политички пресврт на албанската сцена во Македонија

ВРЕДИ СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДНА ПАРТИЈА: Историски политички пресврт на албанската сцена во Македонија
Vero

Коалицијата „Вреди“ официјално се обедини во еден политички субјект откако на Конгресот што се одржа во Скопје, во присуство на околу 850 делегати, беше донесена одлука партиите и организациите кои досега дејствуваа во рамки на коалицијата да продолжат како единствена политичка партија. Со ова, раководството на „Вреди“ најавува нова фаза на политичко дејствување на албанската политичка сцена во државата.


Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека обединувањето претставува одговор на долгогодишните барања на гласачите за суштински промени во албанскиот политички блок, каде што, според него, со години постоел политички монопол. Тој нагласи дека по победата во 70 проценти од албанските општини на локалните избори, токму овој модел на обединување се покажал како најдобар за понатамошно политичко претставување на Албанците во државата.


Меџити порача дека здружувањето на различните политички сили околу заедничка цел било неопходно за да се стави крај на, како што рече, периодот на стагнација, институционални скандали и злоупотреби на правдата и државните функции за политички пресметки. Според него, новиот политички субјект има цел да отвори ново поглавје во политичкото дејствување и да воспостави поинаков модел на работа во интерес на граѓаните.


Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на Тетово, Билал Касами, оцени дека станува збор за историски момент бидејќи пет партии и повеќе организации се спојуваат во една политичка структура. Касами истакна дека целта на ова окрупнување е да се промени политичкото размислување и да се покаже дека политиката треба да биде во служба на граѓаните, а не на теснопартиски интереси.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран