УТРО.мк

ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО ЖЕСТОК УДАР: Американските бази и бродови на Блискиот Исток стануваат мета ако продолжат нападите врз танкерите!

ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО ЖЕСТОК УДАР: Американските бази и бродови на Блискиот Исток стануваат мета ако продолжат нападите врз танкерите!
Vero

Тензиите на Блискиот Исток повторно опасно ескалираат откако Исламска револуционерна гарда упати директна закана до САД, предупредувајќи дека американските позиции во регионот ќе бидат цел на напади доколку иранските танкери продолжат да бидат гаѓани. Заканата доаѓа во момент кога Вашингтон сè уште очекува официјален одговор од Техеран на последниот предлог за мировни преговори и продолжување на примирјето.


Иранските медиуми пренесоа дека од Револуционерната гарда порачале оти секој напад врз ирански танкери и трговски бродови ќе биде проследен со „тежок удар“ врз американските центри на Блискиот Исток, како и врз непријателските бродови во регионот. Според Техеран, предупредувањето следува по неодамнешните американски напади врз два ирански танкери во Оманскиот Залив, што дополнително ги влошило односите меѓу двете држави.


Во меѓувреме, нов инцидент дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на поморските рути во Персискиот Залив. Британскиот центар за поморски трговски операции соопшти дека товарен брод бил погоден од непознат проектил во близина на брегот на Катар. Според информациите, нападот предизвикал помал пожар на бродот, кој бил брзо локализиран и изгаснат. Инцидентот се случил на околу 40 километри североисточно од главниот град Доха.


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекувал Иран да одговори на американскиот предлог за мировен договор уште во петокот навечер, но дека до овој момент нема официјална потврда дека Техеран испратил одговор преку пакистанските посредници.


Од иранска страна, министерот за надворешни работи Абас Арагчи изрази сериозен сомнеж во искреноста на американските дипломатски намери. Тој оцени дека растечките тензии во Персискиот Залив и, како што тврди Техеран, прекршувањата на примирјето од страна на американските сили, покажуваат дека Вашингтон не е целосно посветен на дипломатско решение.
САД претходно преку Пакистан испратија предлог за продолжување на примирјето, со цел да се создаде простор за нови преговори и конечно решение на десетнеделниот конфликт кој ја дестабилизира ситуацијата во регионот.


Во дипломатските напори активно е вклучен и Катар. Американскиот државен секретар Марко Рубио во саботата одржа средба со катарскиот лидер, при што разговарале за координација во одвраќањето на заканите и зачувувањето на регионалната стабилност. Паралелно, катарските претставници се сретнале и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на напорите за постигнување траен мировен договор. Ситуацијата е особено чувствителна во Ормуски Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран