
Вистинска полициска потера се случила во текот на ноќта во Загреб, откако 27-годишна девојка во алкохолизирана состојба не застанала на полициски знак и се обидела да избега од полицијата низ градските улици.
Според информациите од Хрватска полиција, инцидентот се случил во саботата околу 2:25 часот по полноќ, кога девојката управувала автомобил со загрепски регистарски таблички.
Полицијата се обидела да ја запре, но таа не ја почитувала наредбата и продолжила да вози низ градот. Потерата траела сè до Петрова улица, каде што конечно била сопренa од полициските службеници.
По извршената контрола било утврдено дека девојката возела под силно дејство на алкохол, односно имала 1,61 промили алкохол во крвта. Дополнително, полицијата открила дека во возилото превезувала повеќе патници од дозволениот број наведен во сообраќајната дозвола.
Поради сериозните прекршоци, возачката веднаш била уапсена и изведена пред прекршочен суд во Загреб.
Од полицијата побарале таа да биде казнета со 2.500 евра и деветмесечна забрана за управување моторно возило од Б-категорија.
Сепак, судот донел нешто поблага одлука и ја прогласил за виновна, изрекувајќи ѝ парична казна од 1.740 евра, како и забрана за управување возило во траење од девет месеци.
















