УТРО.мк

(ВИДЕО) Урнебесна збунка: Полицијата во Летонија запре жена мислејќи дека носи руско знаме – а всушност била чанта од познат светски бренд!

(ВИДЕО) Урнебесна збунка: Полицијата во Летонија запре жена мислејќи дека носи руско знаме – а всушност била чанта од познат светски бренд!
Vero

Несекојдневна и комична ситуација стана хит на социјалните мрежи откако во Летонија полицајци запреле жена поради сомнеж дека носи симбол поврзан со руското знаме, за подоцна да се покаже дека станува збор за моден детал од брендот Tommy Hilfiger.


Видеото кое масовно се споделува на интернет прикажува двајца полицајци како разговараат и проверуваат лична карта на жената, откако наводно го помешале препознатливото лого и боите на Tommy Hilfiger со руското знаме.


На објавата што стана вирална стои описот: „Летонската полиција ја запрела оваа жена откако нејзината Tommy Hilfiger чанта ја помешале со руското знаме“.


Снимката предизвика лавина реакции и коментари на социјалните мрежи, каде многумина ја нарекоа ситуацијата „апсурдна“, „урнебесна“ и „доказ дека модата може да создаде дипломатски проблем“.
Инцидентот доаѓа во период на зголемени тензии и строги мерки во некои балтички земји во врска со симболи поврзани со Русија, особено по почетокот на војната во Украина.


Сепак, во овој случај наместо политички симбол, станувало збор за обична дизајнерска чанта со препознатливите црвено-бело-сини бои на Tommy Hilfiger, што целата ситуација ја претвори во вистински интернет хит.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран