УТРО.мк

Бугарската православна заедница во Истанбул забрани богослужби на грчки јазик

Бугарската православна заедница во Истанбул забрани богослужби на грчки јазик
Vero

Бугарската православна заедница во Истанбул донесе одлука да ги забрани богослужбите на грчки јазик во бугарските цркви во Одрин, по инцидент што се случил за време на прославата на Ѓурѓовден во црквата „Свети Георгиј Победоносец“.

Според бугарската новинска агенција БТА, спорот избувнал кога грчки православен митрополит, испратен од Вселенската патријаршија, сакал литургијата да ја води на грчки јазик. На тоа реагирале бугарските верници, кои побарале службата да се одржи на бугарски јазик, истакнувајќи дека станува збор за бугарска црква и дека многумина од присутните не го разбираат грчкиот.

На прославата присуствувале стотици Бугари кои допатувале во Одрин по повод патрониот празник на храмот.

Претседателот на Фондацијата на православните цркви на Бугарската егзархија во Истанбул, Димитри Јотеф, изјавил дека заедницата очекувала традиционална богослужба на бугарски јазик, но била информирана дека службата ќе ја водат само грчки свештеници.

„Ова е бугарска црква и сметаме дека богослужбите треба да се одржуваат на бугарски јазик“, изјавил Јотеф.

Тој додал дека поради спорот е донесена одлука привремено да се прекинат верските служби во двете бугарски цркви во Одрин, сè додека не се најде решение. Црквите, сепак, ќе останат отворени за посетители и за индивидуална молитва.

Според Јотеф, несогласувањата околу јазикот на богослужбите траат со години, особено по смртта на отец Александар Чакирик, кој бил многу почитуван меѓу бугарската заедница.

На настанот присуствувале и бугарски официјални претставници. Генералната конзулка на Бугарија во Одрин, Радослава Кафеџијска, изјавила дека спорот е поврзан со долгогодишен проблем околу ограничувањата за богослужби на бугарски јазик.

„Во Република Турција, службите во секој храм се одржуваат на јазикот на заедницата на која ѝ припаѓа“, изјавила Кафеџијска.

По повеќечасовни расправии и реакции од верниците, дел од молитвата сепак била прочитана на бугарски јазик.

Случајот повторно ги отвори старите тензии меѓу бугарската православна заедница и Вселенската патријаршија околу управувањето со бугарските храмови во Одрин и употребата на грчкиот јазик во богослужбите.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран