УТРО.мк

Коњановски: Битола станува центар за размена на ветеринарни знаења

Коњановски: Битола станува центар за размена на ветеринарни знаења
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија.

Коњановски истакна дека семинарот, кој традиционално се одржува четврта година по ред, претставува значаен континуитет во заложбите за стручно усовршување и следење на современите трендови во ветеринарната медицина.

На настанот учествуваа реномирани експерти од универзитети и ветеринарни практичари од државата и регионот, кои преку презентации на актуелни научни достигнувања и практични искуства придонесоа за унапредување на знаењата и вештините на докторите по ветеринарна медицина.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран