
Во СВР Тетово на 08.05.2026 година во 08:00 часот 51-годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од лице Д.Б. од Скопје.
Според пријавата, во периодот од февруари до март 2025 година, пријавениот бил доведен во заблуда откако му било ветено обезбедување работна виза за странска држава. За таа цел, во повеќе наврати исплатил вкупно 2.790 евра.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
















