УТРО.мк

Скандал во образованието: ученик „станал“ наставник и добил пристап до цел систем

Скандал во образованието: ученик „станал“ наставник и добил пристап до цел систем
Vero

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал лажен профил на социјални мрежи и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука.

Таа, верувајќи дека станува збор за службена комуникација, му укажала дека разговори со наставници не треба да се водат преку социјални мрежи и му креирала службена електронска адреса на Министерството, по што му биле доделени и пристапни податоци за е-дневник како администратор преку нејзината корисничка сметка. Воедно, му било наложено да ја координира наставната комуникација меѓу наставниците.

На тој начин, осомничениот, како што соопшти МВР, добил пристап до податоци од наставници на државно ниво и учествувал во координација и работа со електронскиот дневник.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран