
Бугарија привремено ги укинува дел од санкциите кон Русија заради безбедноста на нуклеаркната централа „Козлодуј“. Бугарската влада денеска одлучи дека централата ќе може да увезува неопходни резервни делови и да добива техничка помош од руски изведувачи, но само во рамките на строго утврдени договори, пренесе бугарското национално радио.
Причината за ваквиот чекор е одржувањето на највисоките стандарди на техничка и нуклеарна безбедност. Повеќето системи и опрема на блоковите 5 и 6 се од руско производство, па без нивните специјализирани компоненти функционирањето на централата е неизвесно.























