УТРО.мк

Будва под водa: надојдените поројни води носат автомобили, жители заглавени во домовите

Будва под водa: надојдените поројни води носат автомобили, жители заглавени во домовите
Vero

Будва се соочува со тешка елементарна непогода откако силните врнежи предизвикаа бујични поплави кои за кратко време го парализираа градот. Граѓаните се принудени да ги спасуваат своите животи и имот, додека надојдените води носат сè пред себе, јавуваат црногорските медиуми.

Реката Грѓевица, чие корито најголемиот дел од годината е пресушено и служи како најголем импровизиран паркинг во центарот на Будва, драматично надојде поради обилните врнежи. Водата ги поплави и понесе автомобилите што жителите ги оставиле таму во вторникот, очекувајќи дека коритото ќе остане суво како и обично.

Снимките од терен покажуваат како брзата вода однесува цели редови возила, оставајќи зад себе хаос и значителна материјална штета.

Најтешка е ситуацијата во населбите Велји Виногради и Бабин дол, каде улиците се претворени во вистински реки, а движењето е речиси невозможно. Локалните служби се на терен, но поради обемот на поплавите дел од жителите останале заробени во своите домови додека чекаат помош.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран