УТРО.мк

Израел го засили нападот на јужен Либан, загина најмалку едно лице

Израел го засили нападот на јужен Либан, загина најмалку едно лице
Vero

Израелската армија денеска ја зголеми активноста на воздушните напади врз јужниот дел на Либан, при што најмалку едно лице загина. Израел речиси секојдневно ја нападa оваа област, тврдејќи дека сака да го спречи воениот опоравок на проиранската организација Хезболах.

Израел ги обвинува Хезболах дека се обидува повторно да се вооружи откако пред една година заврши војната. Хезболах, пак, тврди дека ги исполнил условите од договорот за прекин на огнот и дека неговите сили и оружје се повлечени северно од реката Литани, каде што либанската војска, заедно со силите на ОН (УНИФИЛ), треба да преземе контрола. Сепак, целосната имплементација на договорот на теренот доцни, а Хезболах категорично одбива целосно разоружување.

Либанската армија активно ги распоредува своите сили на југот и ја презема контролата над територијата, често во координација со УНИФИЛ. Меѓутоа, поради постојаните напнатости, израелските операции и сложените внатрешни политички односи, процесот на распоредување и целосната примена на договорот сè уште не е завршен.

Според договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на САД и Франција, либанските вооружени сили треба да го конфискуваат „сето недозволено оружје“ од јужниот дел на Либан, најблиску до Израел. Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касим, истакна дека договорот се однесува само на областите јужно од реката Литани, а не на целиот Либан. Либан, пак, тврди дека Израел го крши договорот со тоа што и натаму држи позиции на југот.

Денеска, жителите беа принудени да побегнат по објавите на Израел на социјалните мрежи со предупредувања и идентификување на згради кои планира да ги нападне во селата Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи, тврдејќи дека ги напаѓа воените објекти на Хезболах. Претходно, една личност загина во израелски напад врз селото Ал-Тири.

Израелската армија соопшти дека уби припадник на Хезболах кој работел на „обновување на воената подготвеност“ на организацијата во тој регион. Во вторникот, Израел изведе еден од најсмртоносните напади во Либан од минатогодишната војна, при што загинаа 13 лица во палестинскиот бегалски камп близу јужниот град Сидон. Израел објави дека нападнал зграда во кампот Аину ал-Хилве, која според нив се користи за напади на Израел, додека Хамас тоа го негира и тврди дека во бегалските кампови нема воени структури. Должносник на Хамас денеска потврди дека меѓу загинатите нема нивни членови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран