Големи полициски сили се распоредени околу српскиот парламент и Пионирскиот парк во Белград, каде што попладнево се одржуваат собири на приврзаници на власта и граѓани кои ја поддржуваат Дијана Хрка, мајката на млад човек кој загина лани при пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Дијана Хрка веќе четири дена штрајкува со глад пред парламентот и апелира до присутните да останат смирени, достоинствени и да не предизвикуваат немири. Таа ги замоли граѓаните да не се приближуваат до Пионирскиот парк за да се избегнат судири со полицијата и жандармеријата.
Во меѓувреме, во Белград пристигнуваат голем број приврзаници на власта со автобуси, додека кордоните полиција го обезбедуваат периметарот околу собирите, со цел да се спречат инциденти и конфликти помеѓу двете групи.























